По апсењето на србинот Алмир Гегиќ пред околу три месеци, уште еден балкански државјанин денеска е уапсен од страна на италијанската полиција. Се работи за словенецот Адмир Сулиќ кој купил авионски билет Сингапур-Милано и одлучил сам да им се предаде на италијанските власти.
Името на Сулиќ се поврзува со криминалната мрежа предводена од босот Дан Тан од Сунгапур, и имал задача да поткупува фудбалери во државите во јужна Европа и да ги крои резултатите по мерка на мафијата која заработува милионски суми на пари во обложувалниците.
Шулиќ всушност е дел од групата „Ѕингари" кои ги местеле натпреварите во италијанските лиги во сезоната 2009/2010 и 2010/2011, а според пишувањата на хрватските медиуми тој е поврзан и со местенките во Хрватска кои беа откриени во познатата акција „Офсајд".
Во операцијата „Ласт бет" до сега италијанските власти уапсија над 50 лица, меѓу кои и повеќемина фудбалери кои добија неколку годишна суспензија во фудбалот. Пред три месеци на аеродромот „Малпенса" беше уапсен и поранешниот српски фудбалер Алмер Гегиќ кој во неговото сведочење откри за колку пари може да се намести еден фудбалски натпревар.
По неговото апсење италијанските медиуми пишуваа дека тоа може да помогне во истрагата да се пронајде и македонскиот државјанин Христијан Илиевски, кој исто така е дел од групата „Ѕингари" која работи во корист на криминалната организација во Сингапур.