Натпреварот почна во знакот на кошаркарите на Фенербахче кои одлично го почнаа мечот и веќе по првата четвртина се одлепија со 10 поени разлика. Најголемото водство го обезбедија по само 2 минути од стартот на вториот период кога остварија двојна предност од 34:17.
Иако Фенербахче го одржа водството во првиот дел и на пауза отиде со водство од 46:33, во второто полувреме се сменија настаните на теренот и Be[ikta[ беше тимот што ја превзеде контролата во играта.
Домаќините се разиграа во третата четвртина, го подобрија шутот од поле и ја добија третата четвртина со 26:13, со што резултатот на семаforot беше 59:59.
Неизвесна кошарка се играше во последните 10 минути во кои кошаркарите на Бешикташ ја одржуваа тесната предност која на иако нешто повеќе од 2 минути беше само +2, сепак на крајот домаќинот ја зголеми и победи со 80:73.
Нашиот плејмејкер Бо Мекејлеб кој беше само скромни 5 минути на паркетот постигна 9 поени.