Тројца либански судии се обвинети дека примиле поткуп со сексуални услуги за да наместат натпревар од азискиот куп.
Судијата Али Сабаг и неговите асистенти Али Еид и Абдула Талеб наместо да го судат натпреварот помеѓу сингапурскиот клуб Тампинс Роверс и Ист Бенгал од Индија, биле одведени во бирото за истражување на корупција.
„Али Сабаг, Али Еид и Абдула Талеб се изведени пред суд и се обвинети за корупција во форма на примање бесплатни сексуални услуги", стои во соопштението на бирото.
Судиите биле заменети со други судии од Тајланд и Малезија и гостите победиле со 2:4, а домаќините постигнаа постигнаа еден ефектен гол, но во погрешна мрежа.