Како и за сите прашања на светот, па така и за проблемите во ФК Вардар, одговори можат да се најдат во „експертските" коментари на Фејсбук. Но по вчерашниот пораз и тоа со „кец у два" во судиското продолжение, коментарите стануваат симптоматични. Посебно ако гласините се поткрепени и со информација објавена на два часа пред натпреварот за конечниот исход.
Некој се кладел на поразот на Вардар, но проблемот е што никогаш нема да излезе на виделина кој профитираше од оваа бламажа на најтрофејниот македонски клуб.