Челси, Фенер и Бенфика со предност во 1/4-финалето

На четири четвртфинални натпревари во Лига Европа беа постигнати 14 погодоци, но ниту еден тим не успеа да стекне солидна предност која ќе гарантира неинтересен реванш.

Челси - Рубин 3:1 (2:1)
Торес 16, 70 Мозес 32 - Начо 41п

Херој на победата на Челси над Рубин беше Фернандо Торес кој два пати се запиша во листата на стрелци, а еднаш успешно биеше Мозес. Начо од пенал ги задржа шансите на гостите за реваншот во Русија.

Тотенхем - Базел 2:2 (1:2)
Адебајор 40, Сигурдсон 58 - Штокер 30, Фрај 34

Гостите од Швајцарија извлекоа одличен резултат на гостувањето во Лондон. Фудбалерите на Базел дури можат и да жалат за пропуштената победа затоа што имаа предност од 0:2, а Тотенхем израмни преку Адебајор и Сигурдсон.

Фенербахче - Лацио 2:0 (0:0)
Вебо 78п, Кајт 90

Фенербахче стекна солидна предност и тоа во финишот. Лацио играше со фудбалер помалку скоро цело полувреме, а во 78-та минута Вебо биеше од белата точка по играњето со рака на Раду. Предноста ја зголеми Кајт со гол во последната минута.

Бенфика - Њукасл 3:1 (1:1)
Морено 25, Лима 65, Кардосо 71п - Сисе 12

Португалците ја оправдаа фаворитската улога на својот терен и славеа победа над Њукасл од 3:1, но гостите можат да жалат за поразот со два гола разлика затоа што стрелецот на единствениот погодок уште на два пати ја погодуваше гредата на голот.

4 април 2013 - 23:13