Не знаеме со сигурност дали откако Дејвид Бекам потпиша за ПСЖ се откажа од платата за да ја дели во добротворни цели и да покаже дека е хуман или пак сакаше да ги зезне даночните служби и да не го плаќа големиот данок кој важи за мултимилионерите во Франција.
Но како и да е, за поздравување е секој потег на богатите фудбалери кои ќе го вклучат мозокот и ќе и им помогнат на оние кои се во зорт со пари. Тоа решија да го сторат ѕвездата на Манчестер, Вејн Руни и Кевин Питерсен кој игра крикет.
Двајцата славни англиски спортисти му се придружиле на „Сеноне", тим на инвеститори кој е предводен од директорот на второлигашот Болтон и кој се фокусира на инвестирање пари во помали компании кои имаат проблеми со финансирањето.
Освен тоа што се претставници на двата најпопуларни спортови во Англија, Руни и Питерсон се покажаа како доста хумани и паметни момци кои до сега инвестирале средства во десетина мали и средни претпријатија и со тоа допринесоа да се спасат околу 200 работни места.
„Сеноне е партнерство од каде се гледа како функционираат работите на пазарот. Ние инвестираме во помали компании кои растат и се профитабилни, но не добиваат финансиска поддршка. Исто така во нашето партнерство се фокусираме на тоа луѓето добро да ги запознаат бизнисите пред да се решат да вложат пари", рече директорот на Болтон.
До сега финансиска помош на овој начин добиле компании за внатрешен дизајн, печатници, фирми кои градат бензиски пумпи и уште неколку други бизнис компании кои се покажале како профитабилни на пазарот.
Следниот предизвик на партнерството е да се прошират до таму што би отвориле и сопствена банка земајќи јавни депозити кои ќе ги користат за да инвестираат во британските бизниси, но оваа идеја е се уште во рана фаза, за која е потребна и регулаторна поддршка.