Фудбалерите на Баерн Минхен постигнаа нов рекорд. Ниту еден германски тим до сега не успеал на дури 6 кола пред крајот на првенството да ја освои шампионската титула. На Баварците предводени од Јуп Хејнкес тоа им успеа денеска, со што стигнаа до 23 шампионска титула во германското првенство.
Минатите две сезони пехарот го креваше Борусија Дортмунд која и покрај триумфот од 4:2 против Аусбург останува на втората позиција на табелата со заостанување од 20 бодови.
Составот на Хејнкес кој предвреме им ја донесе радоста на своите навивачи сезонава имаа импресивни бројки во домашното првенство. По 28 кола имаат дури 24 победи, 3 нерешени и само еден пораз, оној на домашен терен од Баер Леверкузен.
Со оглед на компакноста на тимот кој е составен од одлични играчи на секоја позиција, тешко е издвои играчот на сезоната. Навалната линија составена од Робен, Рибери, Милер, Манџукиќ и Гомез, на Баварците до сега им донесе 79 гола во шампионатот или скоро 3 по натпревар, а одбраната предведона од фантастичниот голман Ноер дозволи мрежата да биде затресена само 13 пати со само 2 примени гола на гости.
Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ до сега е најдобар стрлец во тимот со 15 гола, а веднаш зад него се наоѓа Томас Милер со одличен учинок од 12 гола и 10 асистенции.
Шампионот на Германија по првата полуфинална победа во Лигата на шампионите против Јувентус од 2:0 има солидна предност пред реваншот во Торино кој се игра во вторник и оваа сезона размислува само на финалето во Вембли.
За Баварците тоа е всушност најголемиот предизвик сезонава по разочарувачниот пораз во ланското финале од најелитното клупско европско натпреварување, кое го загуби на пенали од Челси и тоа токму на „Алијанц арената" пред своите навивачи.
За Јуп Хејкес тоа впрочем ќе биде и последната шанса за освојување на уште еден трофеј, затоа што по завршувањето на сезоната тимот ќе го превземе шпанскиот стратег Пеп Гвардиола кој веќе се договори со управата на тимот.