Бразилскиот клуб Атлетико Минеиро предводен од Роналдињо оваа сезона е голем фаворит за освојување на титулата во најелитното клупско фудбалско првенство на Јужна Америка. Тие тоа уште еднаш го докажаа со победата од 5:2 над аргентинскиот клуб Арсенал Саранди и по 5 одиграни натпревари во групната фаза од Копа Либертадорес имаат исто толку победи.
Роналдињо беше стрелец на 2 погодоци, а вториот беше вистинско ремек-дело.
Но наместо за натпреварот и убавите голови, денес цел свет ќе пишува за тешкиот инцидент по натпреварот. Незадоволни од судењето, по завршувањето на натпреварот гостинските фудбалери се обидоа да се пресметаат со судиите.
Но најверојатно заборавија на репутацијата на бразилската полиција која интервенира и за најмал инцидент. Овој пат припадниците на специјланата полиција интервенираа во полна опрема уште на теренот, а инцидентите продолжиле и во соблекувалната.
Бразилската полиција подоцна соопшти дека се уапсени четворица фудбалери на Арсенал.