Offside

Само небото е граница за Мондо Дуплантис, човекот кој е претплатен на златни медали во скок со стап.

Меси доби тајванска анимација

За секое поважно случување на планетава постои и тајванска анимација, па така дојде редот Тајванците да направат и урнебесна анимација за рекордот на Лионел Меси.

Двојниот цепелин на Клиперс

Клиперс славеа на гостувањето кај Чикаго Булс со 89:94, а свое шоу со 22 поени и 10 скокови имаше Блејк Грифин. Дел од ова шоу беше и двојниот цепелин со Џамал Крофорд.

Сваровски копачките на Аубамејанг

Пјер-Емерик Аубамејанг од Сент Етјен пред натпреварот со Лион се загреваше со копачки со 4.000 Сваровски кристали.

Арсенал го допре дното

Проблемите на Арсенал се продлабочија откако во вторникот „топџиите" беа елиминирани од Лига Купот од екипата на Брадфорд која игра во англиската 4-та лига.

Кладилниците веќе ја прогласија Барса за шампион

До крајот на сезоната во Шпанија треба да се одиграат уште 23 кола, но интернет кладилницата Betfair им ги исплати добивките на оние кои имаа уплатено дека Барселона ќе биде шампион.

Тивка кошаркарска традиција

Навивачите во САД имаат многу интересни традиции со своите кошаркарски тимови. На колеџот Џон Браун фрлаат тоалетна хартија, а на Тејлор Универзитетот во првите минути владее апсолутна тишина.

Како банкротираше Ален Ајверсон

Минатата година дознавме дека поранешната ѕвезда на НБА лигата, Ален Ајверсон банкротираше и покрај тоа што во својата кариера заработи повеќе од 150 милиони долари. Сега ги дознавме и причините за неговиот банкрот.

Најдобрите бразилски голови во 2012

Минатата недела заврши сезоната во бразилското првенство, а како и секогаш, Бразилците одиграа интересна сезона исполнета со дриблинзи и прекрасни голови. Ова се 5-те најдобри голови од Бразил во 2012-та година. Од Роналдињо, преку Денилсон, со Нејмар. Уживајте!

Откажани НХЛ натпреварите до крајот на годината

Слично како „локаут" периодот во НБА лигата минатата година и хокеарите од НХЛ не се договорија со сопствениците на клубовите, па челниците на лигата беа приморани да откажат 526 натпревари од новата сезона.

Слаби рефлекси

Навивач на Селтик со слаби рефлекси доби удар за расонување по шутот на играчот од неговата екипа.

Луди Турци

Навивачите од целиот свет се тепаат на фудбалските стадиони, а во некои земји сме гледале инциденти и на хокеј и ватерполо натпревари, но ова до сега го немавме видено. Навивачите на Бешикташ и Галатасарај прекинаа натпревар на кошаркари во инвалидски колички.

Најмалку познатиот двоен светски фудбалски рекордер

Сте слушнале ли за Арчи Томсон? Фудбалерот за кој што најверојатно никогаш не сте слушнале овој викенд постави втор светски рекорд. Тој има постигнато најмногу голови и најбрз хет-трик на интернационален натпревар.

Каде е топката?

Брајан Вилсон од Колчестер го постигна еден од најкомичните автоголови на натпреварот против Олдам во Лига Еден (трета по ранг лига во Англија).

Нема непотизам во НБА

НБА тимот Шарлот Бобкетс го отпушти својот играч Кори Хигинс. До тука нема ништо чудно во оваа вест. Проблемот е што отказот го потпиша неговиот татко, претседателот на клубот, Род Хигинс.

Кралот на бунарите

Сме виделе многу „бунари" од слободно фрлање, но тоа што го изведе Брајан Окам од Апалачиан Стејт Универзитетот, дефинитивно е најлошото слободно фрлање во историјата на кошарката.

Кој пукаше во Бонучи?

Италијанската полиција се уште трага по непознато лице кое во неделата пукаше во Леонардо Бонучи од Јувентус за време на натпреварот против Палермо.

ОСУМДЕСЕТ И ШЕСТ!

Тоа е таа фамозна бројка на голови во една календарска година која никој не успеа да ја достигне се до сега. Лионел Меси веќе го сруши рекордот на Герд Милер, а до крајот на годината Барселона ќе одигра уште 4 натпревари.

МЗТ немаше сили за уште еден подвиг

Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа уште еден солиден натпревар против екипа од евролигашки ранг, но немаа сили за во листата на изненадени фаворити покрај имињата на Цибона, Унион Олимпија, Цедевита и Задар да го додадат и Партизан.

Заврши Европското првенство за нашите ракометарки

Кратко траеше настапот на Европското првенство за македонските ракометарки. По три одиграни натпревари на првенството во Србија, женската ракометна репрезентација забележа три порази и си ги спакува куферите.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO за најдобрите 10 голови од изминатата недела.

Причини за воведување на технологија на гол-линијата

Премногу дебати се правеа во врска со воведување на новите технологии во фудбалот, но ФИФА ја донесе одлуката и тие почнаа да се употребуваат. Веќе кога нема поента да се буниме зошто не треба да се воведуваат, да погледнеме неколку причини зошто треба да се применуваат овие технологии.

Како Коби постигна 30.000 поени

Коби Брајант стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој ја мина границата од 30.000 поени. Еве како стигна до оваа бројка.