Две номинации за фудбалскиот оскар

Фудбалерите никако да сфатат дека во денешно време има камери на секое ќоше од стадионот кои ги ловат сите нивни реакции и фолирања, па наместо жртви, стануваат мета за сеир на интернет. Оваа недела имаме две номинации за доделување на фудбалски оскар.

Првата номинација оди за членот на Челси, Алекс Кивомја, кој на натпревар од младинската Лига на шампиони толку лошо одглуми фаул за пенал што го исвиркаа дури и сопствените навивачи.

Вториот номиниран е Лиу Хуанг од кинескиот клуб Шангај. Тој најверојатно навистина беше фаулиран, но номинацијата чесно си ја заработи со неговото ползење назад на терен за да троши време.

3 април 2013 - 15:07