НБА мести и ги форсира Лејкерси во плејоф?

Расположени сте за теории за заговор во спортот? Убедени сте дека се мести во сите спортови насекаде во светот, па зошто да не и во НБА? Тогаш сигурно би се согласиле со следново видео во кое се тврди дека НБА мести за Лејкерси да се пласираат во плејоф.

ЛА Лејкерс е еден од најтрофејните клубови во лигата и дом на повеќе големи ѕвезди на кошарката. Но заради повеќе фактори, најмногу повреди, Лејкерси оваа сезона имаат проблем со обезбедување на пласман во плејофот.

Плејофот без Лејкерси ќе има значително помал ТВ рејтинг и сериозно ќе влијае на финансиите на целата лига, па челниците на НБА не би сакале да си дозволат тие да останат на 9-та позиција во Западната конференција.

Ова беше повод за развивање на повеќе теории, а еден член на YouTube направи и видео со повеќе моменти од натпревари од кои се гледа дека судиите прават грешки во корист на Лејкерси само за да обезбедат пласман во плејофот.

3 април 2013 - 11:03