Пабло Миљоре кој е капитен на фудбалски клуб Сан Лоренцо за кој дознавме дека навива новиот Папа Франческо, е уапсен во соблекувалната веднаш по неделниот гостински натпревар против екипата на Нуелс Олд Бојс кој го загуби со 1:0.
31 годишниот голман е осомничен дека за време на тепачката помеѓу навивачките групи на Сан Лоренцо и Бока Јуниорс, им помогнал на водачите на Бока, клубот за кој инаку има и настапувано, да можат полесно да и избегаат на полицијата од некој помошен излез.
Полицијата успеа да го фати Максимилијано Мацаро кој е осомничен дека го сторил убиството и на кој Миљоре му дал пари и му помогнал да избега.
Адвокатот на Мацаро изјавил тие двајца не се пријатели, туку само се познаваат од 2008 година кога Миљоре настапувал за Бока Јуниорс. Но полицијата од Буенос Аирес за сега одлучи и двајцата да ги држи во притвор.
Претседателот на Сан Лоренцо е доста изненаден од апсењето на капитенот на клубот и изјави дека нема намера да му го раскине договорот со клубот се додека целосно не се расчисти случајот.
Ова не е прв пат името на голманот Пабло Миљоре да се споменува во инцидент поврзан со неговиот поранешен клуб. Во 2007 година тој беше еден од главните учесници во тепачка во која учествуваа навивачите на Бока Јуниорс, а една година подоцна направил сообраќајна несреќа во која останал неповреден и која се уште не е расчистена.
За краток период ова е втора вест во која е вмешан во убиство голман од Јужна Америка. Минатиот месец поранешниот чувар на мрежата на бразилскиот тим Фламенго, Бруно де Соуса доби 22 годишна казна затвор затоа што ја убил својата поранешна сопруга, а потоа телото им го фрлил на своите кучиња.