Реал Мадрид - Галатасарај 3:0 (2:0)
Роналдо 9, Бензема 29, Игуаин 73
Мадриѓаните воопшто не губеа време и веднаш тргнаа во напад, а мрежата на Галатасарај се затресе уште во 9-та минута кога Роналдо ладнокрвно го матираше Муслера по проигрувањето од Озил.
Гостите од Турција храбро пробаа да одговорат на предизвикот и тргнаа во напад, но скапо ја платија офанзивата со слаба одбрана.
20 минути по првиот гол, Реал веќе водеше и со 2:0 откако по нафрлувањето на Есиен од десната страна, дефанзивците на Галатасарај не ја отсранија опасноста и топката дојде до Бензема кој со шут по земја ја зголеми предноста.
Сигурната предност во пресрет на реваншот во Истанбул ја обезбеди Игуаин кој во 73-та минута го искористи нафрлувањето од Чаби Алонсо и со глава ја заби топката во мрежата на Галатасарај.
Четата на Фатих Терим не беше импресионирана од името на противникот, ниту пак се предаде по водството на Реал, но нивните обиди за креирање на сериозна закана кон голот на Лопез беа јалови, а на два пати беа оштетени и од судијата кој можеше да покаже на белата точка.
Малага - Борусија Дортмунд 0:0 (0:0)
Офанзивен натпревар одиграа и Малага и Борусија Дортмунд, а гостите во повеќе наврати беа блиску до предност, но не успеваа да ги реализираат шансите.
И во второто полувреме двете екипи, а посебно гостите од Германија, продолжија со нападите, но мрежите мируваа до крајот на натпреварот.