1 април, 2013-та година сигурно е еден од најлошите денови во животот на 67-годишниот Англичанец Стјуарт Естил. Синоќа тој доби забрана да се движи и пропушти натпревар на Нотингем Форест и тоа за прв пат по 40 години.
Стјуарт претходно пропатувал над 150.000 километри низ цела Европа и изгледал 1.786 натпревари по ред. Дури ни тешка инфекција на стапалото не го спречи во саботата да присуствува на натпреварот против Брајтон, но докторите му забранија синоќа да патува на гостувањето кај Барнли.
Неговиот прв натпревар бил во 1956-та година и од тогаш присуствувал на 2.534 меча на Нотингем Форест, а последниот пат кога отсуствувал било во 1973-та година и тоа заради свадба.