Тикет на колото

По завршувањето на квалификациските натпревари за Светското првенство, еве не повторно со нашата стандардна рубрика во која овој пат решивме да тргнеме похрабро со 6 наши предлог типови за ова коло.

Мајнц – Вердер ГГ
Дуел на две екипи кои секогаш меѓусебно си постигнуваат по еден гол.

Штутгарт – Борусија Дортмунд ГГ3+
На последните 5 меча нивниот дуел завршувал со многу голови.

Киево – Милан 2
Киево му е редовен пациент на Милан кој во 2013 година игра во фантастична форма и без пораз во Серија А.

Интер – Јуве ГГ
Дерби на колото во Италија помеѓу екипи на кои и двајцата тренери најавуваат триумф.

Саутемптон – Челси ГГ
Домаќините се борат за опстанок и ќе мора да одат на погодок, додека актуелниот европски шампион се уште е во трка за што повисок пласман во Премиер лигата.

Селта – Барселона ГГ
Екипата на Селта игра секогаш цврсто пред своја публика и се очекува да му даде гол на Каталонскиот тим кој ќе се штеди за дуелот од Лигата на шампионите.

30 март 2013 - 01:58