Елиминацијата на Реал Мадрид сигурно претставува огромен мотив, но сега фудбалерите на Галатасарај имаат повеќе причини за да се борат повеќе за пласманот во полуфиналето од Лигата на шампиони. Секој од нив ќе добие по 25.000 евра ако турскиот тим биде поуспешен во двомечот со мадриѓаните.
Претседателот на фудбалскиот клуб Галатасарај, Унал Ајсал е познат како дарежлив човек и тој често ги мотивира фудбалерите пред важните натпревари.
Неговата филозофија е дека ако тимот добие некава награда, тогаш и фудбалерите заслужуваат дел од неа. Само за пласман во полуфиналето, екипата на Галатасарај ќе добие 4,9 милиони евра од УЕФА.
Реал Мадрид има поинаква политика за наградување. Фудбалерите ќе добијат по 500.000 евра само ако ја освојат титулата во Лигата на шампиони, а во спротивно нема да добијат никаков бонус.