Галатасарај и Борусија на гости во Шпанија

Фудбалското внимание во втората четвртфинална ноќ од Лигата на шампионите ќе биде свртено во Мадрид и Малага кои ќе ги нагостат екипите на Галатасарај и Борусија Дортмунд. Битката на Сантијаго Бернабе ќе се води и помеѓу најдобрите стрелци оваа сезона Роналдо и Јилмаз кои имаат по 8 гола.

Амбициозниот тим на Галатасарај предводен од Фатих Терим ја доби можеби најтешката ждрепка во четвртфиналната фаза, затоа што за противник го има Кралскиот тим кој предвреме ја загуби битката во домашното првенство и целосно е насочен кон финалето во Вембли.

За овие два клуба заеднички е бројот 24, но во малку поразличен контекст. Реал Мадрид во овој двобој цели на 24-то полуфинале во Лигата на шампионите, додека Галатасарај нема пласман во полуфинале точно 24 години.

Мадриѓаните се во одлична победничка форма и немаат пораз на домашен терен на последните 37 меча на сите натпреварувња и со вкупно 18 гола се вториот тим сезонава по најмногу постигнати голови во Лигата на шампионите.

Единствената битка во Лигата на шампионите помеѓу овие два тима се случи токму во четвртфиналната фаза во 2001 година. Реал на „Сантијаго Бернабе“ славеше убедливо со 3:0, а на реванш дуелот во Истанбул загуби со 3:2.

Една година пред тоа овие два клуба се сретнаа и во финалето на Европскиот Супер Куп кога по нерешените 1:1 по регуралните 90 минути, Турците со гол во 103 минута имаа огромно славје во Монако.

Во втората пресметка Малага и Борусија Дортмунд некаат никакво зеднично минато, а шпанскиот претставник за прв се среќава со германски противник. Дебитантот во Лигата на шампионите кој е под закрила на Катарците веќе го направи историскиот чекор и во првиот настап во ова елитно натпреварување успеа да стигне до големата осумка.

За актуелниот германски шампион ова е фантастична сезона во Лигата на шампионите во која имаат одлична можност да се борат за полуфиналето. По вчерашниот пораз на Јувентус, тие се единствената екипа без пораз оваа сезона во ЛШ.

Интересен и занимлив е податокот што тренерот на Малага, Мануел Пелегрини пред 8 години успеа да го одвете тимот на Виљареал до полуфиналето од ова натпреварување во нивната дебитантска година. Ова е негова можност да го повтори тој огромен личен успех, но со друг клуб.


Погоди и добиј ваучер. Кој ќе го постигне првиот гол на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Галатасарај, а кој ќе биде прв стрелец на натпреварот Малага - Борусија Дортмунд?