Првите средби од четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите се играат во наредните два дена, а во центарот на вниманието повторно се коефициентите од кладилниците според кои се фаворизираат учесниците на големото натпреварување.
Екипата на Барселона која пред стартот на Лигата на шампионите со коефициент 3,5 беше главен фаворит за титулата повторно ја врати фаворитската улога но овој пат со пад на коефициент на 2,75. На втората позиција на која пред извлекувањето на ждрепката за четврфиналето беше Баерн Минхен, сега е вториот шпански гигант Реал Мадрид со коефициент 3,5.
Тимот на Баерн Минхен кој за момент му ја превзеде улогата на фаворит на Барселона и кој за противник во четвртфиналето го има актуелниот шампион Јувентус се наоѓа на третото место со коефициент 5.
Пред извлекувањето на ждрепката за четвртфиналето Јувентус и Борусија имаа еднакви шанси, но сега Германците се на четвртата позиција, тимот на Антонио Конте е петти, ПСЖ и пред и после ждребот останува на шесто место, а потоа следуваат Малага и Галатасарај.
Лига на шампиони - коефициенти за шампион:
1.Барселона 2,75
2.Реал Мадрид 3,5
3.Баерн Минхен 5
4.Борусија Дортумнд 9
5.Јувентус 13
6.ПСЖ 34
7.Малага 67
8.Галатасарај 81