Пред почетокот на сезоната, коефициентот дека Барселона ќе ја освои титулата изнесуваше 3,5 а по извлекувањето на паровите за нокаут фазата, нивниот коефициент падна на 3,3. Шансите на Милан тогаш нагло се намалија и нивниот коефициент падна од 26 на 81.
Но по одигрувањето на првиот натпревар кој Милан го доби со 2:0, ситуацијата се промени. Сега Милан е фаворит во однос на Барселона за пласман во следната рунда, а Шпанците го загубија и фаворитскиот статус за титулата.
Според кладилниците, најголеми шанси за освојување на титулата во Лигата на шампиони сега ги има екипата на Баерн Минхен. Баварците славеа на гостувањето кај Арсенал со 1:3 и нивниот коефициент падна од 5,75 на 3,75.
Коефициентот на Реал Мадрид на кого му претстои реванш со Манчестер Јунајтед по 1:1 на Сантјаго Бернабеу, се зголеми од 4,85 на 5,5.
Кладилниците сметаат дека најдобар стрелец на крајот од сезоната ќе биде Кристијано Роналдо кој заедно со Бурак Јилмаз се водечки со по 7 погодоци. Коефициентот на Роналдо е 2,25 а за Турчинот 9. Коефициентот на Лионел Меси кој има постигнато 5 голови е 2,75.
Лига на шампиони - коефициенти за шампион:
1. Баерн Минхен - 3,75
2. Барселона - 5,25
3. Реал Мадрид - 5,5
4. Борусија Дортмунд - 8
5. Манчестер Јунајтед - 8,5
6. Јувентус - 10
7. ПСЖ - 17
8. Милан - 19
9. Порто - 41
10. Шалке - 51
11. Шахтар - 101
12. Малага - 151
13. Галатасарај - 201
14. Валенсија - 301
15. Арсенал - 501
16. Селтик - 5000