Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити
-„Црвените Ѓаволи“ се поуспешен тим во меѓусебните дуели со 56 победи, „Граѓаните“ имаат 39, а 45 натпревари завршиле без победник.
-Манчестер Јунајтед е во трка по својата 20 титула во Премиер лигата, додека фудбалерите на Сити минатата сезона својата трета титула во својата историја, ја освоија по пауза од 44 години.
-Робин ван Перси во својата прва сезона на „Олд Трафорд" во моментов е најдобар стрелец во тимот со 23 гола на сите натпреварувања, но нема постигнато гол на 9 меча.
-Составот на Фергусон на 8 кола до крајот има 15 бодови зад градскиот ривал, а нема завршено под третото место од 1991 година.
-Манчестер Сити има само еден пораз на последните 7 натпревари на сите натпреварувања.
-Манчестер Јунајтед нема примено гол во првенството 627 минути. Од вкупно 54 можни бодови на последните 18 меча освоија вкупно 50.
-Алекс Фергусон и Роберто Манчини се среќаат по 11 пат. Фергусон е поуспешен со 6 победи, а Манчини има 4.
Рома – Лацио
-Ова е 171 соочување помеѓу двата лути ривали. Рома има 63 победи, Лацио 48, а 60 натпревари завршиле нерешено.
-Лацио победи на последните 3 меѓусебни дуели во Серија А и е во потрага по четврта победа во низа. Нешто што не им успеало 39 години.
-Рекордер по број на одиграни римски дербија е Франческо Тоти со вкупно 28 настапи. За тимот на Лацио најмногу настапи имаат Алдо Пулчинели и Џузепе Вилсон со по 19.
-Винченцо Монтела го држи рекордот со вкупно 4 голови постигнати на едно дерби на 11 март 2002 година кога Рома славеше со 5:1.
-Најдобри стрелци на дерби мечевите се Дино Да Коста и Марко Делвекио со по 9 гола, додека за Лацио најпрецизен е Силвио Пиола со вкупно 6.
-Арне Селмосон е единствениот фудбалер кој постигнал гол на дербито за двата тима.
-Највисоката победа ја оствари екипата на Рома од 5:0 во сезоната 1933/1934. Највисокиот триумф на Лацио датира од 2006/2007 од 3:0.
-На последните 4 меча биде доделени вкупно 7 црвени картони.