Метју Ле Тисие, еден од најталентираните фудбалери на неговата генерација, повторно ги облече копачките. Тој повторно ќе се активира за фудбалски клуб од 9-та по ранг лига во Англија.
Фудбалерот кој е познат по неговата верност за Саутемптон каде ја помина целата своја професионална кариера во трање од 17 години, по пензионирањето во 2002-та година одигра неколку натпревари за нисколигашот Истлеј и веќе 10 години нема стапнато на зелениот терен.
Но локалниот клуб од островот Гернзи успеа да го натера тој да му се врати на фудбалот. Фудбалскиот клуб Гернзи заради неповолните временски прилики имаше неколку одложени натпревари во изминатите неколку месеци, па овој месец ќе треба да одиграат 17 натпревари.
Аматерите од Гернзи не би го издржале темпото со натпревари секој втор ден, па челниците биле приморани да бараат нови фудбалери. Прв кој им излегол во пресрет бил Ле Тисие кој е роден токму на овој англиски остров.
Поранешниот репрезентативец на Англија му се ставил на располагање на тренерот на Гернзи, но нема да може да игра во саботите затоа што тогаш работи како коментатор.