Француската влада донесе одлука за зголемување на данокот за богати од 49% на 75% и во иднина данокот ќе го плаќаат сите кои заработуваат над 1.000.000 евра наместо досегашните 500.000.
Најпрвин се појавивја гласини дека спортските клубови се сметаат за мали и средни претпријатија и нема да мора да го плаќаат данокот, но подоцна премиерот демантираше и потврди дека новиот систем ќе се однесува за сите компании кои на работниците им плаќаат над 1 милион евра.
Претседателот на фудбалската федерација на Франција овој потег го оцени како лудост. Според него, овој данок ќе ги чини клубовите дополнителни 182 милиони евра. Клубовите нема да можат да ги плаќаат најдобрите играчи и ќе бидат помалку конкурентни во европските натпреварувања.
Само колку за пример, Златан Ибрахимовиќ зема годишна плата од 15 милиони евра, па ПСЖ за неговиот даноќ ќе треба да плаќа дополнителни 11,25 милиони евра.