Горан Пандев немаше постигнато гол за Наполи од 7 октомври минатата година и тој пост го прекина со гол при победата од 3:2 на мечот против Аталанта, а по пауза од едно коло, денес тој повторно ја затресе мрежата на противникот.
Во 31-то коло од Серија А, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија по асистенција на Кавани, убаво се ослободи од своите чувари и го постигна првиот гол во 18-та минута со што ја најави победата над Џенова.
Конечниот резултат го постави фудбалерот роден во тетовско Боговиње, Блерим Џемаили.
Со оваа победа Наполи ја задржа предноста од 4 поени во однос на Милан во борбата за втората позиција и директен пласман во Лигата на шампиони.