Пандев и Челси донесоа пари, Интер најмногу разочара

Саботата беше скоро совршен ден за обложувачите, но во неделата потфрлија Интер, Лион, Ливерпул... Прочитајте кој разочара, а кој ви донесе најмногу пари викендов во Спортлајф обложувалниците.

ПОГОДЕНИ

Челси - Сандерленд (резултат 2:1) - тип: 1 (коеф. 1.35)
Паоло Ди Канио имаше неуспешно деби на клупата на Сандерленд. Гостите поведоа во финишот на првиот дел со автоголот на Азпиликуета, но фудбалерите на Челси успеаа да направат пресврт и триумфираа со автоголот на Килгалон и погoдокот на Ивановиќ.

Наполи - Џенова (резултат 2:0) - тип: 1 (коеф. 1.40)
Наполи ја задржа предноста на втората позиција со триумфот на Џенова, а оваа победа со убав гол во 18-та минута ја најави капитенот на нашата репрезентација, Горан Пандев. Конечниот резултат го постави Блерим Џемаили.

ВБА - Арсенал (резултат 1:2) - тип: 2 (коеф. 1.95)
Многумина сигурно веќе ја заокружија двојката на Арсенал уште на стартот од второто полувреме кога Росицки зголеми на 0:2, но почнаа да стравуваат во 70-та минута кога Мертесакер заработи црвен картон, а Морисон намали на 1:2 од пенал. Сепак „Топџиите" успеаа да ја сочуваат предноста до крајот.

Покрај Челси, Наполи и Арсенал, викендов најчесто типувани на тикетите во Спортлајф беше и минималната победа на Њукасл над Фулам и победата на Лил од 5:0 над Лориен.

ПРОМАШЕНИ

Интер - Аталанта (резултат 3:4) - тип: 1 (коеф. 1.75)
Оваа недела најверојатно најмногу беа пцуени фудбалерите на Интер и судијата на натпреварот против Аталанта. Домаќините имаа водство од 3:1, но потоа судијата Гервасони досуди сомнителен пенал и Герман Денис со хет-трик за 12 минути и донесе голема победа на Аталанта со која избегаа од опасната зона во Серија А.

Ремс - Лион (резултат 1:0) - тип: 2 (коеф. 2.05)
Фудбалерите на Лион пред почетокот на сезоната беа помеѓу фаворитите за освојување на титулата, но со очајната форма тие веќе ја загубија оваа битка. Сите очекуваа дека на гостувањето кај Ремс тие ќе ја прекинат црната серија од 5 натпревари без победа, но го доживеаја 3-от пораз во низа, најмногу благодарение на исклучувањето на Бишевац по што сигурен од белата точка бепе Криковијак.

Ливерпул - Вест Хем (резултат 0:0) - тип: 1 (коеф. 1.35)
И кога сите помислија дека Ливерпул полека се враќа на победничките патеки, тие повторно разочараа. Домаќините напаѓаа во текот на целиот натпревар, дефанзивците на Вест Хем успешно го сочуваа својот гол.

Освен Интер, Лион и Ливерпул, викендов потфрли и Атлетико Мадрид кој одигра без голови на гостувањето кај Хетафе, како и екипата на Тотенхем која ремизираше со Евртон.


Рагледајте ја и денешната богата понуда од билтенот на Спортлајф обложувалниците.

8 април 2013 - 13:32