Ете тоа е Златан Ибрахимовиќ еден од најплатените фудбалери на денешницата. Тој заедно со својот колега Тијаго Силва кои од оваа сезона се дел од тимот на Парис Сент Жермен, предводен од милтимилионерите од Катар негодувале откако газдите на клубот ја одредиле бонус премијата која ќе изнесува по 400 илјади евра по човек, доколку ПСЖ стигне до титулата во Лига 1.
Според пишувањата на дневниот француски весник „Ла Парисиен" фудбалерите на ПСЖ нема да бидат исто наградени. Играчите кои дошле на средината на првенството како што се Бодмер, Сисоко, Рабиот, Хоарау и Луиндула ќе земат помалку пари поради нивниот половичен придонес.
Инаку составот на Карло Анчелоти има најголеми шанси да го врати шампионскиот сјај во Париз со оглед на седумбодовната предност пред второпласираниот Олимпик Марсеј на 7 кола до крајот на шампионатот. ПСЖ до сега само два пати бил првак на Франција, во 1986 и 1994 година.
Нивните шанси за подигнување на пехарот не се загубени ниту во елитната Лига на шампиони, каде по оние 2:2 на првиот меч против Барселона, во среда го играат реванш дуелот. За ова натпреварување во кое ПСЖ не е меѓу главните фаворити за освојувањето на титулата, клубот не соопшти со колку пари би ги наградиле фудбалерите.
Кралскиот тим на пример за тој подвиг кој впрочем е и нивна главна цел оваа сезона ќе изводи по половина милион евра за секој играч, а турскиот претставник Галатасарај ќе подели по 25 000 евра за секого, ако во четвртфиналето го минат Реал Мадрид.