Фудбалскиот клуб Сан Маркос по 10 одиграни кола оствари само 1 победа, а на последните 7 натпревари забележа дури 5 порази и падна при дното на чилеанската Примера дивизија.
Последните резултати го запалија алармот во клубот, а претседателот Карлос Фери веќе почна да размислува и да му врачи отказ на тренерот.
Но нерешителниот претседател не можел сам да ја донесе одлуката и реши да се консултира со навивачите и тоа преку Фејсбук. Тој преку својот побара совет и ги праша навивачите дали да му врачи отказ на тренерот Луис Марколета или да биде потрпелив.
За еден ден откако го објави прашањето, претседателот доби 179 коментари со различно мислење.