Фудбалската асоцијација на Малта соопшти дека Гаетан Сплитери од Хамрун Спартанс, Џулиан Брифа од Маба и браќата Џермејн и Крис Бринкат од Флориана добиле доживотна суспензија заради местење на фудбалски натпревари.
Единствено Брифа може да ја обжали пресудата и можеби ќе добие делумна амнестија затоа што соработувал со инспекторите. За сега не се соопштени детали за наместените натпревари и само е познато дека тие се одиграле во 2012-та година.
Минатата година УЕФА му изрече доживотна суспензија на репрезентативецот на Малта, Кевин Самут заради учество во местење на квалификацискиот натпревар против Норвешка во 2007-та година.