Борусија Дортмунд - Малага 3:2 (1:1)
Левандовски 40, Ројс 91, Сантана 92 - Жоакин 24, Елисеу 82
Дебитантот во Лигата на шампионите иако веќе направи историски чекор со пласманот помеѓу најдобрите 8, не се предаде ниту во тешкиот полуфинален двобој против Борусија Дортмунд, единствената екипа без пораз оваа сезона во елитното натпреварување.
Фудбалерите на Мануел Пелегрини ги замочлија германските навивачи во 24 минута откако по одличното проигрување во триаголник помеѓу Баптиста, Иско и Жоакин, крилниот играч на Малага биеше силно и прецизно од работ на шеснаесетникот за 1:0.
На 5 минути до крајот на првиот дел со голот на Левандовски домаќините го израмнија резултатот и се вратија во игра. Ројс велемајсторски со пета го пронајде полскиот напаѓач кој доста умешно го мина гостинскиот голман и погоди за 1:1.
Последните 10 минути од натпреварот беа шокантниза навивачите и на двата тима. Најпрвин Елисеу го одведе својот тим во водство од 2:1 и кога сите мислеа дека Пелегрини ќе се врати како херој во Шпанија носејќи го тимот во големата европска четворка, Ројс и Сантана беа јунаци за тимот од Дортмунд и со двата гола во последните мигови од средбата го прославија полуфиналето.
Галатасарај - Реал Мадрид 3:2 (0:1)
Роналдо 7, 92 - Ебуе 57, Снајдер 70, Дрогба 72
На вториот меч во Истанбул, шпанците го почуствуваа пеколот и познатото гласно навивање на турските навивачи, но тоа не му сметаше на најдобриот стрелец оваа сезона во Лигата на шампионите да го отвори резултатот уште во 7-та минута.
Ди Марија го пронајде Кедира на десната страна од шеснаесетникот, кој веднаш го пронајде Кристијано Роналдо, но и покрај офсајд ситуацијата на Португалецот судиите го признаа голот.
Во вториот дел Турците тргнаа на се или ништо и успеаа дури 3 пати да го совладаат голот на Лопез. Ебуе во 57 минута го израмни резултатот, а Снајдер и Дрогба во 70 и 72 минута "ја запалија" публиката во Истанбул. Во последната минута од мечот конечните 3:2 ги постави Роналдо со што го запиша и 11 гол сезонава во Лигата на шампионите.