Тикет на колото

Нема седење со скрстени раце. Реванш дуелите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа се нашиот следен предизвик за типување. Викендов фатиме 5 од 7 натпревари, но сега ќе го намалиме бројот со нашите предлози.

Борусија Дортмунд – Малага 1
Германците се фаворити на овој натпревар против дебинтатот во Лигата на шампионите.

Галатасарај – Реал Мадрид ГГ3+
И двата тима играат напаѓачки фудбал. Реал Мадрид прими гол на последните 7 гостувања, а турскиот претставник нема избор и мора да ја затресе мрежата.

Барелона – ПСЖ ГГ
Овие два тима секогаш во нивните меѓусебни дуели постигнувале голови. Очекуваме отворен фудбал исто како и на првиот дуел.

Базел – Тотенхем ГГ
И двете екипи даваат и примаат голови, исто очекуваме дека ќе биде и овој пат.

Њукасл – Бенфика ГГ
Бенфика секогаш дава гол на гости. Англичаните загубија на првиот дуел и мора да одат на погодок.

9 април 2013 - 12:19