Баерн-Барса и Дортмунд-Реал во полуфиналето

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за полуфиналето на Лигата на шампиони. Руд ван Нистелрој ги извлече двојките Баерн Минхен - Барселона и Борусија Дортмунд - Реал Мадрид.

За прв пат во полуфиналето на Лигата на шампиони се пласираа две германски екипи, каде освен Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, по рекорден 6-ти пат во серија се најде Барселона, а рекорден 24-ти настап во полуфиналето ќе има и Реал Мадрид.

На генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино му асистираше Руд ван Нистелрој кој извлече германско-шпански полуфинални двојки.

Полуфинале на Лига на шампиони:

Баерн Минхен - Барселона
Борусија Дортмунд - Реал Мадрид

Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 23 и 24 април, а реваншите се закажани за 30 април и 1 мај. Финалето на Лигата на шампиони ќе се одигра на 25 мај на стадиони Вембли во Лондон.

12 април 2013 - 12:31