Јувентус – Баерн Минхен 0:2 (0:0)
Манџукиќ 64, Пизаро 91
Првото полувреме во Торино понуди доста израмнет фудбал без многу шутеви во рамките на голот. Домаќините најсериозно се заканија во 24 минута од слободен удар преку Пирло кој биеше силно онаму каде што беше поставен Ноер. Најголемата шанса фудбалерите на Баерн ја имаа преку Алба во 39 минута кој се обиде од работ на шеснаесетникот, но Буфон одлично реагираше.
Во вториот дел по 10 минути игра Баварците беа најблиску до погодок кога Ариен Робен ја погоди стативата. Но веќе во следната акција германскиот шампион покажа зошто е фаворит за полуфиналето и по центар шутот од десната страна, најдобро во шеснаесетникот се снајде Марио Манџукиќ.
Германскиот шампион ја потврди доминацијата против италијанскиот претставник преку нововлезениот Пизаро кој ги постави конечните 2:0 во 91 минута.
Барселона – ПСЖ 1:1 (0:0)
Педро 70 – Пасторе 50
Уште помалку возбудувања во првиот дел од средбата имаше на Камп Ноу каде на местото на Меси во стартните 11 беше Цеск Фабрегас. Најсериозната шанса по првите 45 минути ја имаше Лавеци кој на додавањето на Ибрахимовиќ биеше право во Валдез.
По само 5 минути игра во првиот дел гостите го шокираа противникот откако по контрата напад, Ибрахимовиќ го пронајде Пасторе кој го отвори резултатот. Тито Виланова брзо реагираше и по 10 минути во игра го внесе Лионел Меси.
Каталонците притискаа по голот, почнаа да ја плетат мрежата со својата препознатлива и трпелива игра, а тоа резултираше со погодок во 70 минута кога на асистенција на Виља, Педро го израмни резултот со кој Барса оди понатаму.