Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Волеј од пола терен на пријателска

Дуелот меѓу германски Падерборн и Болтон заврши 4-1 за Германците, а мечот го одбележи нереалниот гол на Марсел Нденг.

Навивачка битка сред Сараево

На улиците на Сараево синоќа се тепале навивачите на клубот за кој игра нашиот Крсте Велковски и полскиот Лех Познан. Во инцидентите се повредени 18 лица од кои тројца потешко.

Петицата на Гути за најдобра асистенција

Дресот на Реал Мадрид, Гути го носеше од 1994 до 2010 година. Со Кралевите пет пати ја освојуваше Ла Лига и три пати Лигата на шампионите. Навивачите на Реал го паметат како заменик капитен со неверојатно прецизна левица.

Ултрас Палермо - чувари на Сицилијанската традиција

Во срцето на Сицилија единствено нешто околу кое се обединуваат различните култури, националности и вери е фудбалскиот клуб Палермо.

Среќен 5-ти роденден МУСЦ - Македонија

Најзагреаните македонски навивачи на Манчестер Јунајтед влегоа во нашиот караван на посети кои со голем ќеиф ги правиме во фан клубовите. Вчера наполнија пет години откако се собираат заедно да ги гледаат „Црвените ѓаволи“, а ние им честитаме и за денешното големо засилување.

Како ги одбираа децата што собираат топчиња на Вимблдон

Работата е кампањска, две недели во годината, но бара долга и мачна подготовка, познавање на тениските правила, тренинг и стоење на сонце по 12 часа дневно. За децата е престиж да им држат чадор на Федерер и Ѓоковиќ.

Каков можеше да биде Порто

По освојувањето на Лигата на шампионите во 2004 година со Мурињо, Порто секоја сезона почна да продава по некоја ѕвезда. Клубот стана машина за правење пари од трансфери од кои за една деценија заработи скоро 800 милиони евра. Најмногу заработија од Родригез и Фалкао, а листата е правена пред да биде потврден трансферот на Џексон Мартинез во Атлетико Мадрид.

Да се потсетиме

На мечот број 1 за 2014-та му одбележување точно една година од постоењето. На Маракана се играше 112 минути фудбал без голови и потоа Марио Геце стави точка на финалето и ја крена Ангела Меркел на нозе од вип ложата.

На што арчат пари најбогатите спортисти

Додека Федерер троши на гардероба, Леброн Џејмс купува најскапи прстени, а во исто време Роналдо листа каталози на Ламборџини.

Последните кавалери на верноста

Навивачите на четири големи клубови ова лето плачат. Си заминаа Чави од Барселона, Џерард од Ливерпул, Швајнштајгер од Баерн и Касиљас од Реал Мадрид. Веќе се поретко гледаме луѓе како Малдини, Тоти, Гигс за кои во кариерата постои само еден дрес. Некои се збогуваа и не по своја желба.

Баерн го пушти своето дете, Јунајтед доби голем борец

Бастијан Швајнштајгер е нов играч на Манчестер Јунајтед, а на навивачите на Баерн Минхен тешко им падна заминувањето на човекот со кого во претходните 17 години освоија сè што можеше да се освои.

Единаесетмината на Озил

Германскиот репрезентативец и играч од средината на теренот на Арсенал повторно ќе спасува детски животи во Бразил. 

Хет трик на Џовинко за 9 минути, Виља шутираше два пенали

Натпреварот меѓу Њујорк Сити и Торонто во МЛС лигата имаше два промашени пенали, три постигнати голови за само девет минути и заврши 4-4,

10 години заедно

Еден од соиграчите кој го допре во срце емотивното збогување на Икер Касиљас е Сехио Рамос со кој се радуваа и тагуваа заедно од 2005 година. Дефанезивецот на кралевите објави видео со мал дел од нивните заеднички моменти.

Малиот Луис ги обедини Турците и Англичаните

Потписот на Робин ван Перси во Фенербахче предизвика емотивна реaкција кај еден од најмладите фанови на Црвените Ѓаволи. Малиот Луис Дајмонд не можеше да се соземе откако дозна дека неговиот идол ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Картинг шоуто на Фернандо Алонсо

Двократниот Ф1 светски првак, Фернандо Алонсо за само три круга од последен стигна прв на картинг трката во Дајтона Сендоун Парк близу Лондон. На трката возеле уште и Бред Пит, Гај Ричи, Хју Грант и други познати личности.

Хамилтон вратен од Вимблдон

На Вимблдон постојат стриктни кодекси на облекување и однесување, така што освен тенисерите и тенисерките кои мораат да играат исклучиво во бела опрема, пристојно облечена мора да биде и публиката.

Реакцијата на Ноле кога загуби сет

Првиот сет Новак Ѓоковиќ го доби во тај-брејк, а истото на успеа да го стори во вториот во кој прокоцка седум сет топки во тај-брејк. 

Ѓоковиќ подобар од Федерер за трет Вимблдон

По 2 часа и 56 минути, Новак Ѓоковиќ стигна до својот трет трофеј на Вимблдон, а Роже Федерер по четврти пат излегува поразен од десеттото финале на Ол Ингланд клубот.

Солзи и 19 трофеи за Икер Касиљас

По 16 минати сезони и 725 одиграни мечеви за првиот тим на Реал Мадрид, легедарниот шпански голман од преголема возбуда едвај ја почна прес конференција на која се збогуваше со клубот каде дојде во 1990-та како деветгодишник.

Фараонот се сели во Монако

Стефан Ел Шарави во новата сезона ќе се обиде да ја поврати старата форма како фудбалер на Монако, клуб кој за неговите услуги на Милан му плати 16 евра и 3 милиони годишно за напаѓачот.

Десет историски фотографии од Вимблдон

Ѓоковиќ и Федерер утре го затвораат 129. издание на најголемиот тениски празник по кој ќе патиме една цела година до јуни 2016-та.

Навивање преку пруга

Не се ниту на стадион, ниту на тренинг, туку на железничка станица, но кога го имате најдобриот водач атмосферата е како на дерби.

Нема победа ако не го погодиш голот од 57 обиди

Најголемото изненадување во првото квалификациско коло во Лига Европа го направија фудбалерите на Номе Каљу од Естонија кои елиминираа клуб со многу поголеми амбиции и буџет од 10 милиони евра.