Offside

Во средината на јули Џани Инфантино имал поддршка од повеќе од 200 од вкупно 211 национални федерации а меѓу членките на УЕФА за него поддршка потпишале 50 од 55 членки. После само неколку дена европските федерации почнаа да му откажуваат поддршка по скандалозниот план на Швајцарецот да го приватизира Светското првенство и да продава акции како приватна фирма.

Ѓоковиќ подобар од Федерер за трет Вимблдон

По 2 часа и 56 минути, Новак Ѓоковиќ стигна до својот трет трофеј на Вимблдон, а Роже Федерер по четврти пат излегува поразен од десеттото финале на Ол Ингланд клубот.

Солзи и 19 трофеи за Икер Касиљас

По 16 минати сезони и 725 одиграни мечеви за првиот тим на Реал Мадрид, легедарниот шпански голман од преголема возбуда едвај ја почна прес конференција на која се збогуваше со клубот каде дојде во 1990-та како деветгодишник.

Фараонот се сели во Монако

Стефан Ел Шарави во новата сезона ќе се обиде да ја поврати старата форма како фудбалер на Монако, клуб кој за неговите услуги на Милан му плати 16 евра и 3 милиони годишно за напаѓачот.

Десет историски фотографии од Вимблдон

Ѓоковиќ и Федерер утре го затвораат 129. издание на најголемиот тениски празник по кој ќе патиме една цела година до јуни 2016-та.

Навивање преку пруга

Не се ниту на стадион, ниту на тренинг, туку на железничка станица, но кога го имате најдобриот водач атмосферата е како на дерби.

Нема победа ако не го погодиш голот од 57 обиди

Најголемото изненадување во првото квалификациско коло во Лига Европа го направија фудбалерите на Номе Каљу од Естонија кои елиминираа клуб со многу поголеми амбиции и буџет од 10 милиони евра.

Канада не е фудбалска велесила, но...

На КОНКАКАФ Голд Купот, Канада играше 0-0 против Ел Салвадор, а најголем кривец што мрежите не се тресеа е Канаѓанецот Кајл Ларин кој во првото полувреме излезе сам пред голманот на Салвадор, го помина и се посрамоти.

Данска ѝ спушти рампа на школата на Барса

Шпанскиот клуб којшто служи 1-годишна забрана за трансфери од ФИФА, доби уште една неповолна вест откако Данска им забрани да отворат фудбалска академија во оваа земја.

Нас ни останува дронот, на Албанија трите бода

Премиерот на Србија Александар Вучиќ остро реагираше на одлуката на Меѓународниот суд за спортска арбитража кој им додели службена победа на Албанците во дуелот против Србија.

Да и помогнеме на Микронезија да ја примат во ФИФА

Фудбалската репрезентација за која светот дозна дека постои поради тоа што загуби на три меча вкупно 114:0, се надева дека лошиот фудбалски публицитет ќе и помогне некој да ја посети и да и помогне да заигра фудбал во странство.

Српските пцовки на спортистите кои се слушнаа низ светот

Типсаревиќ, Коларов, Вучиниќ, Ѓоковиќ, на сите им доаѓа природно да отераат некој у три лепе, особено кога губат, но даваше изјава кошаркарот Дарко Миликиќ се заборави

Кој е напаѓачот на кој Симеоне му извади душа на тренинг

Аргентинецот Лусијано Вието ги изненади сите по првата сезона во Европа. Тој лани потпиша за Виљареал од аргентинскиот клуб Расинг и во дресот на „жолтата подморница“ постигна 20 голови. Тоа беше доволно Симеоне повторно да го донесе.

Албанија добива три бода од мечот со дронот во Белград

Судот за спортска арбитража во Лозана ја прифатил жалбата на албанскиот фудбалски сојуз и ќе го регистрира мечот меѓу Србија и Албанија во корист на гостите. Тоа го потврди и албанскиот премиер Еди Рама на својот Твитер профил.

Чилеански домофон

По настанот на Копа Америка меѓу Хара и Кавани, Чилеанците веќе имаат чудни идеи и реализации.

Првиот ден на Арда Туран во Барселона

На прашањето дали би сакал куќа на море како Меси и Маскерано или на планина како Пике и Педро, Арда Туран одговара дека сака да е подалеку од центарот.

Рамон Родригез Мончи - трговецот од Андалузија што прави чуда

Човекот кој во Севиља дојде пред 15 години, на клубот му донесе 200 милиони евра, четири трофеи во Лигата на Европа и покажа дека шпанскиот фудбал не се само Реал и Барселона.

Нема титула во најсилните кошаркарски лиги во Европа без стратег од Балканот

Кошарката им е во крвта на луѓето на нашиве простори и не случајно Југославија е петкратен светски шампион, исто како САД. За овој спорт последниве години има многу даскали од кај нашите соседи кои го знаат занаетот и кои царуваат во европската кошарка.

Зошто Ван Перси се одлучи за Фенебахче?

По Перо Антиќ во кошаркарската, најверојатно и Робин Ван Перси ќе потпише со фудбалската секција на Фенербахче. На прашањето зошто еден фудбалер од таков калибар не игра во ТОП5 европските клубови, одговорот го гледаме во предсезонскиот камп на турскиот клуб.

Колку лош меч одигравме, да бев тренер на Интер ќе си дадев отказ

Дождот на Мацари, одбивањето на Конте и Михајловиќ да бидат тренери на Јувентус и Милан и самоотпуштањето на Марчело Липи. Десет изјави во Серија А кои ќе останат како познати бисери на тренерите.

Голманов да не ја играл 5+?

На дуел од третата аргентинска лига меѓу Комуникационес и Атланта, гостите славеа убедлива победа но триумфот остана во сенка на глупавата реакција на домашниот голман. Дали намерно си даде глуп автогол или не, проценете сами.

Сезонска карта за Олимпијакос за 100 евра

Грчкиот шампион Олимпијакос реши двојно да ги намали цените на сезонските карти за новата фудбалска сезона како одговор на големата финансиска криза во Грција.

Најди ги фудбалерите на овие лица

Ибрахимовиќ и Озил ги погодивме од прва и потоа дешифриравме двајца, па уште двајца. Сега ве оставаме вас, без помош од пријател.

Како да го извадите најдоброто од Тони Крос?

Крос лани доминираше на СП во Бразил, но Карло Анчелоти тоа не го искористи минатата сезона на Сантијаго Бернабе. Дали Рафа Бенитез може да го поправи тоа и да го извади максимумот од Германецот кој може да даде многу повеќе во офанзивата на Реал Мадрид.