2015-та за Новак Ѓоковиќ низ бројки

„Ова е најдобрата година во мојот живот, нема дилеми околу тоа. Сè функционира одлично. Многу сум благодарен што можам да играм така добро и да бидам успешен“, изјави најдобриот тенисер во светот кој сезонава има 5 порази на 78 средби и 16 милиони долари заработка само од турнири.

6 – Број на гемови кои ги загуби на финалето во Шангај овој викенд кое го доби со 6:2 и 6:4 против Цонга за 78 минути.

25 – Загубени гемови на цел турнир. 3 од Клизан, 5 од Лопез во осминафиналето, 7 од Томиќ во четвртфинале, 4 од Мареј во полуфинале и 6 од Цонга.

9 – Број на освоени турнири оваа година. Австралија Опен, Индијан Велс, Мајами, Монтекарло, Рим, Вимблдон, УС Опен, Пекинг и Шангај.

7 – Финалиња Мастер 1000 кои ги одигра во 2015-та: Индијан Велс, Мајами, Монтекарло, Рим и Шангај. Загуби на финалето во Монтреал од Мареј и на Синсинати од Федерер, а не играше на турнирот во Мадрид.

3 – Пати го освои Шангај, најпрво во 2012-та кога играше во финале против Мареј, во 2013-та против Дел Потро и годинава против Цонга.

73 – Број на победи во 2015-та од вкупно 78 меча. Поразите му се од Карловиќ во Доха, Федерер во Дубаи и Синсинати, Вавринка во Париз и Мареј во Монтреал.

25 – Мастер турнири 1000 кои ги освои до сега во кариерата. Федерер има освоено 24, а прв е Надал со 27.

1 – Единствениот Мастерс 1000 кој му недостига во кариерата е Синсинати. До сега ги освојуваше: 2007 (Мајами и Канада), 2008 (Индијан Велс и Рим), 2009 (Берси), 2011 (Индијан Велс, Мајами, Мадрид, Рим и Канада), 2012 (Мајами, Канада и Шангај), 2013 (Монтекарло, Шангај и Берси), 2014 (Индијан Велс, Мајами, Рим и Берси) и 5 оваа година.

57 – Број на турнири кои ги освоил во досегашниот дел од кариерата. Првиот е во Амерсфорт во 2006-та.

20 – Досегашни дуели на Ѓоковиќ и Цонга. Билансот е 14:6 за Ѓоковиќ.

17 – Број на победи во низа. Последниот пораз на Ѓоковиќ му е оној од Федерер на Синсинати на 23 август.

22 – Број на сетови кои ги има освоени по ред оваа година.

19 октомври 2015 - 17:29