Со трите бомби Пјаниќ во моментов води на листата на стрелци на голови од слободен удар оваа сезона. Ериксен од Тотенхем и Вилијан од Челси имаат по два, а играчи како Балотели, Нејмар и Гризман имаат постигнато по еден.
Откако од Франција каде играше за Лион, летото 2011-та замина за Италија, Босанецот за Рома стигна до бројка од 10 голови од слободен удар. Подобар од него за толку кус период е само Андреа Пирло со 12 голови. Пјаниќ има подобар просек, а на почеток и слабо добиваше шанса да шутира поради Франческо Тоти.
„Мојот учител беше Жунињо, иако тој ги шутираше на малку поинаков начин. Неговата топка “танцуваше“, како на Пирло. Јас редовно вежбам на тренинг за да ја подобрам мојата прецизност. Траекторијата ја имам во глава“, вели Пјаниќ
25 годишниот Пјаниќ сезонава е најдобар стрелец во Рома со 4 гола и 4 асистенции. Рекордер по бројот на голови од слободен удар и натаму е Михајловиќ со 28, а по него е Пирло со 27.
Против Јувентус на 30 август
Против Карпи на 16 септември
Против Емполи на 17 октомври
Споредба меѓу Пирло и Пјаниќ