Јас верувам во чуда (I Beleive in Miracles) се вика новиот документарец кој зборува за незадржливиот Брајан Клаф и неверојатното искачување на Нотингем Форест на врвот на Европа во 70-те години.
44-дневниот престој на Брајан Клаф во Лидс Јунајтед, клубот што воопшто не го сакал, а ни тој него беше добра подлога за сторијата The Damned United (проклетиот Јунајтед) која Дејвид Пис ја претвори во мошне гледан филм. По неколку години, приказната за Брајан Клаф и воопшто за Нотингем Форест повторно е актуелна.
Кога Брајан Клаф станал тренер на Нотингем во 1975. година, клубот бил на средината од табелата во втората лига и го гледале околу 15-ина илјади гледачи. Во 1979. година, Нотингем Форест е шампион на Европа, го освојува Купот на европски шампиони и ги полни стадионите ширум Европа.
Со видеа и фотографии од тој период до денешен ден, како и интервјуа, режисерот Џони Овен покажува како Брајан Клаф и неговиот помошник Питер Тејлор го трансформирале целиот клуб и го направиле европски првак. Документарката зборува за фудбалската филозофија на Клаф, неговите тренинг методи. Меѓу другите ликови во документарецот зборува и Мартин О'Нил, тогашен играч од средниот ред а денес селектор на Република Ирска.
Филмот на Овен освен што инспирира, тој и го потврдува фактот дека во тоа време фудбалот се играл со карактер и шарм и немал многу допирни точки со денешниот модерен фудбал во кој заработката е на прво место.
Трејлер на документарецот: