Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Лацио, Сандерленд и девет други клубови синоќа во емисија за француската телевизија објави дека се повлекува од фудбалот. Сисе се расплаче во истиот момент кога кажа дека дефинитивно ја завршува кариерата.
Џибрил Сисе, кој има 41 настап за Франција и играше за 12 клубови во кариерата ќе ги закачи копачките на ѕид откако повеќе од една година не постигна лигашки гол. На француската телевизија голема почит кон Џибрил изрази легендарниот француски тренер Ги Ру кој преку 20 години беше тренер на Оксер каде играше и Сисе.
Ексцентричниот Сисе ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул, доби Златна копачка во Франција и Грција, пет години настапуваше во најдобрата англиска лига. За време на неговиот престој во Ливерпил постигна 24 голови, а играше вкупно во шест земји и клубови како Марсеј, Панатинаикос, Лацио и Бастија. И покрај тоа што во кариерата прослави 250 голови за репрезентацијата и за клубовите, тој не даде ниту еден гол минатата сезона во првенството, туку само три во купот.
Џибрил Сисе ја започна кариерата во Оксер, кога Ги Ру му даде шанса во првиот тим откако Сисе бил најдобар играч меѓу младинците. Кога Ру синоќа во емисијата изјави дека Сисе бил многу млад кога дошол во првиот тим, но бил еден од ретките играчи кои навистина го сакал фудбалот и напорно работел.
Во кариерата Сисе ги скрши и двете нозе, но и покрај тоа ја продолжуваше фудбалската авантура.
Кариерата на Џибрил Сисе во бројки:
Оксер - 166 натпревари, 90 голови
Ливерпул - 83 натпревари, 24 голови
Марсеј (позајмен) 25, 15 голови
Марсеј - 53, 22
Сандерленд (позајмен) 38, 11
Панатинаикос - 89, 55
Лацио - 27, 5
КПР - 29, 10
Ал-Гарафа (позајмица) - 17, 5
Кубан Краснодар - 25, 5
Бастија - 25, 6
Синоќа на француска телевизија, Сисе се расплаче и објави крај на кариерата:
Најдоброто од Џибрил Сисе: