Гол на Фалкао во Премиер лига вреди 2,6 милиони фунти

Баба му се пожали поради неговата минутажа, но прво треба да му ја види статистиката па после да се жали. Колумбискиот напаѓач за кој Монако бараше 52 милиони фунти за продажба, а доби само 6 милиони фунти за позајмица, се посра во Англија.

Голот против Кристал Палас

Радамел Фалкао кој важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот, за три сезони во Порто даде 72 гола, а потоа уште 70 за две сезони во Атлетико Мадрид. Откако во јули 2014-та отиде да игра во Премиер лигата тотално се изгуби.

Статистиката покажува дека Колумбиецот на островот одиграл 33 меча и од 46 обиди за гол дал само пет.

Од Манчестер Јунајтед и Челси до сега во плати доби вкупно 13,2 милиони фунти, а возврати со 4 гола за Црвените ѓаволи и еден за Сините. Единствениот гол за Челси го постигна во август против Кристал Палас, за Јунајтед сите 4 ги даде пред јануари месец.

Во пари излегува дека за еден негов гол во Премиер лигата се исплатени 2,64 милиони фунти.

Првиот гол за Манчестер против Евертон во октомври 2014-та

Детално тоа оди вака:

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (1 септември 2014 - 30 јуни 2015)
39 недели, 285.000 фунти неделно, 11,1 милиони фунти вкупно, 4 гоголови.

ЧЕЛСИ (јули - )
15 недели, 140.000 фунти неделно, 2,1 милиони фунти до сега, еден гол.

Хет-трикот за Атлетико против Челси во финалето од Супер купот во 2012 кое заврши 4:1

19 октомври 2015 - 18:17