Јунифајд концептот застапен на специјалните Олимпијади се базира на тим составен од пет атлети со посебни потреби и тројца атлети кои се нарекуваат партнери, односно лица без интелектуална попреченост. Критериумите за селекција се: нивната возраст треба да биде приближно иста и вештините треба да бидат на приближно ниво за да може да соработуваат.
Македонската репрезентација за првпат летово настапуваше на ЛОИ на специјална Олимпијада во Лос Анџелес од 25. јули до 2. август и од таму се врати со сребро. Медалот го освоија во дуелот со Брегот на Слоновата коска, селекција која што ја победија 35:29.
Комплетниот тим на Специјална Олимпијада Македонија летово освои дури 12 медали во Лос Анџелес во неколку спортови.
Инспиративната емисија за кошаркарската селекција на Македонија:
Претставување на Македонија во Лос Анџелес:
Златниот медал кој го освои Марио Мицковски во пливање: