Извинете ако ова се претвори во некоја врста на љубовно писмо, но има нешто во Александар Митровиќ што носи некој “жагор“ меѓу нас навивачите. Бидејќи бев сведок на демолирањето на Норич од страна на Њукасл, ми беше јасно дека младиот српски напаѓач му носи нешто уникатно на овој тим.
Во еден момент кога ќе го видите неговото име во стартниот состав, на вашето тело му доаѓа некој вид на возбуда и нервоза додека ги броите минутите до почетокот на мечот, како што беше во неделата.
Признавам, во прв момент кога видов дека му даваат два жолти картони, а потоа и црвен, не верував во него, но верувајте дека му простувам кога ја видов неговата игра после суспензијата.
Поседува некој оган од кој излегува неверојатна страст која екипата ја подигнува на високо ниво, со што има позитивно влијание во играта и го влече остатокот од тимот. Во неговите очи јасно се гледа дека е горд што го носи црно белиот дрес со своето име на грбот. Горд е што го претставува амблемот на градите, што дефинитивно не остана незабележано кај навивачите на Сент Џејмс Парк.
Шлаг на тортата е што не се плаши да го покаже својот квалитет, а најдобар доказ за тоа е оној прием и гол во кој бевме загледани. Екипата сега доби самодоверба во вистинско време пред дербито со Сандерленд, а ние ќе им држиме палци на нашите момци на Стадионот на светлината.