И Бекенбауер под лисици со Блатер?

Извршниот комитет на ФИФА соопшти дека и легендата на германскиот фудбал е под истрага, откако се објави дека Германија наводно дала пари за да го добие домаќинството на СП 2006.

Покрај Бекенбауер, под истрага е и претседателот на шпанскиот фудбалски сојуз, Анхел Марииа Виљар кој своевремено беше потпретседател на ФИФА, а неодамна гостуваше и во Скопје на мечот Македонија - Шпанија.
 
Извршниот комитет потврди дека покрај Сеп Блатер и Платини, на испрашување во швајцарското обвинителство би можел да се најде уште и поранешниот шеф на бразилскиот фудбалски сојуз, Рикардо Тешеира.
 
Шпанецот Виљар во моментов е член на Извршниот одбор на ФИФА, а единствен е по тоа што е претседател на шпанската фудбалска федерација уште од 1988. година. Во јавноста стана познат по неуспешниот обид во Шпанија да го донесе Мундијалот 2018-та кој ќе се одржува во Русија.
 
Швајцарското обвинителство, пишува Ројтерс, решило да ја прошири истрагата и кон Франц Бекенбауер кој негираше дека има било каква врска со подмитување делегати за купување на организацијата на СП 2006. во Германија.
21 октомври 2015 - 16:33