Тројната круна на Ајакс без пораз

Во модерниот фудбал има серии на непобедливост, рекорди на голмани кои не примиле гол преку 900 минути и по пет голови за 9 минути. Рекордот на Ајаксовата генерација од 1994/1995 сè уште не е стигнат.

За време на сезоната 94-95, АФЦ Ајакс ја освои двојната круна во Холандија. Тоа беше 25-та титула за Копјаниците кои не загубија ниту еден меч таа сезона и постигнаа 106 голови. Круна на сезоната беше освојувањето на Лигата на шампионите, против Милан 1-0 во финалето.

Овој тим на Ајакс се смета за еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Тренер им беше Луј ван Гал. Одиграа 52 натпревари во Холандија без пораз + 19 натпревари во ЛШ од кои излезе непоразен.

Во групата Д од ЛШ, Ајакс играше против Милан, Казино Салцбург и АЕК Атина. Холанѓаните имаа учинок 4-2-0 со гол разлика 9:2. Сидорф, Литманен и Де Бур славеа против Милан на гости и на домашен терен со по 2:0.

Во четвртфиналето Ајакс се сретна со Хајдук Сплит. Првиот меч, пред преполниот Пољуд заврши 0-0, а клубот кој го основале Евреи од Амстердам во реваншот славеше со 3:0. Следуваше големото полуфинале против Баерн Минхен, но Ван Гал тука ја покажа својата тренерска способност. По 0-0 во Минхен, го прегази Баерн Минхен со 5-2.

На 24. мај на стадионот Ернст Хапел во Виена се виореа црвено-бели и црвено-црни знамиња. Последна пречка за Ајакс до врвот на Европа беше Милан. Патрик Клајверт во 85' минута го постигна единствениот гол за заокружување на неверојатната сезона.

Голмани: Фред Грим, Едвин ван дер Сар
 
Одбрана: Дени Блинд (сега селектор на Холандија), Винстон Богарт, Франк де Бур (тренер на Ајакс), Михел Крек, Михаел Рајзигер, Сони Силој
 
Среден ред: Роналд де Бур, Едгар Давидс, Кики Мусампа, Тарик Улида, Марко Овермарс, Мартин Ројсер, Франк Рајкард, Кларенс Сидорф, Џон ван ден Бром, Нордин Вутер, Џорџ Динид.
 
Напад: Јари Литманен, Нванкво Кану, Патрик Клајверт, Питер ван Восен.
 
Единствени странци во екипата со неповторливот дрес биле Кану и Финиди од Нигерија и Литманен од Финска. Сите останати биле Холанѓани, претежно од школата на клубот од Амстердам.
 
Сплит на нозе 1995-та, гостува Ајакс:
 
 
Баерн демолиран во Амстердам со 5:2:
 
Финалето против Милан за тројна круна без пораз: