Порто го победи Макаби Тел-Авив 2-0 во групата Г од Лигата на шампионите, но мечот го одбележи 18-годишниот Рубен Невес кој го сруши рекордот на Рафаел Ван дер Варт како најмлад играч кој ја изнел екипата на терен со капитенската лента.
Невес, кој има само 18 години и 221 ден и потекнува од младинската школа на клубот, веќе е стандарден првотимец на португалскиот гигант. Роден е на 13. март 1997 година и важи за еден од најголемите португалски таленти. Невес е поранешен капитен на репрезентациајта на Португалија до 17 години, а од неодамна стандардно игра и за У-21 на Португалија.
Во вторникот вечер, тој стана капитен пред неколку постари репрезентативци на своите земји и играчи кои се подолго од него во првиот тим.
Капитенската лента му овозможи на Невес да го сруши рекордот на Холанѓанецот Рафаел ван дер Варт, кој во 2003-та година го поведе Ајакс како капитен на мечот со Милан со само 20 години и 217 денови. Порто синоќа славеше 2:0 на својот Драгао со головите на Венсан Абубакар и Јацин Брахими.
Сите голови и најинтересните моменти од ЛШ тука.