Парадоксот на Златната топка

Според англиските букмејкери од Вил Хил, најголеми шанси за освојување на наградата најдобар играч во 2015-та година им се даваат на фудбалерите за кои знаат и врапчињата на гранките, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, така што бесмислена е секоја листа на кандидати.

Долгата листа на кандидати за Златната топка беше објавена на почетокот на овој месец, а на неа се најдоа и фудбалери како Масимо Луонго, Кристијан Атсу, Шинџи Оказаки и Едуардо Варгас, играчи кои бодеа очи меѓу познатите фудбалски ѕвезди.
 
18 дена подоцна и овие помалку познати фудбалери испаднаа од листата која од 59 кандидати сега брои 23. За наградата најдобар играч на светот во 2015-та година воглавном ќе конкурираат ѕвездите од Лигата на шампионите, а повеќе од јасно е дека на крајот ќе се води трка меѓу Лео Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар.
 
На конечната листа кандидати за Златната топка 2015, шпанската Ла Лига има дури 11 претставници (6 од Барса, 5 од Реал Мадрид). Од Бундеслига доаѓаат 5 претставници и тоа сите 5 од Баерн Минхен. Премиер лига исто има 5 кандидати од кои Арсенал 1, Челси 1 и Манчестер Сити 3. Од француската лига кандидат ќе биде Златан Ибрахимовиќ, а од Серија А единствено Пол Погба.
 
Сајтот Squawka пишува дека право изненадување е што на листата нема фудбалери како: Лука Модриќ, Месут Озил, Жерар Пике, Карлос Тевез, Марко Верати, Чави, Буфон, Гризман, Лаказет, Давид Силва, Обамејанг, Де Хеа, Давид Алаба, Фабрегас, Бускетц и Боатенг.
 
Златната топка ја доделува ФИФА, врз основа на гласовите на капитените и селекторите на сите репрезентации, како и гласовите на спортските новинари.
 

Кандидати за наградата најдобар играч за 2015 се: Серхио Агуеро, Герет Бејл, Карим Бензема, Кристијано Роналдо, Кевин де Брујне, Еден Азар, Златан Ибрахимовиќ, Андрес Иниеста, Тони Крос, Роберт Левандовски, Хавиер Маскерано, Лионел Меси, Томас Милер, Мануел Ноер, Нејмар, Пол Погба, Иван Ракитиќ, Арјен Робен, Хамес Родригез, Алексис Санчез, Луис Суарез, Јаја Туре и Артуро Видал.

Наградата лани ја освои Кристијано Роналдо кој има освои 2 Златни топки по ред, а Лионел Меси има една повеќе.