Домашен притвор во луксузна вила за Писториус

Оскар Писториус, јужноафриканскиот олимпиец во понеделникот беше пуштен од затвор и петгодишната казна за убиството на девојка му Рива Стенкамп ќе ја служи во луксузна вила.

По речиси една година во затвор, Оскар Писториус (28) ја напушти ќелијата. Поранешниот атлетичар е осуден на 5-годишна затворска казна поради тоа што во 2013. година ја уби девојка му Рива Стенкамп во неговиот дом.
 
По главниот претрес на кој беше осуден на 5 години без можност за помилување, обвинителството отвори нов процес според кој би можел да му ја зголеми казната на 15 години. Во меѓувреме Писториус ужива во домашна атмосфера, живее во луксузната вила на чичко му во центарот на Преторија. Вилата се наоѓала во елитна населба од градот и имала голем двор и базен во него. Ништо што не наликува на домашен притвор.
 
Како што пренесува Мирор, билата на чичко му Арнолд вреди околу 1,5 милиони евра и е место на кое би можеле да се сретнат Писториус и родителите на убиената девојка, со цел да зборуваат за судскиот процес.
 
„На семејството Стенкамп воопшто не му е важно што Оскар е ослободен на жими мајка, нивната ќерка нема никогаш да се врати меѓу живите“, изјави адвокатката на семејството, Тања Коен.

20 октомври 2015 - 16:45