Во еден момент од вчерашната средба Баварците имале посед на топка 70-30, а фудбалерите имале 600 пасови, за разлика од Топџиите кои топката си ја подале 175 пати.
Whoscored.com по завршувањето на мечот излезе со податоци дека Баерн имал посед од 68,6% наспроти 31,4% на Арсенал, а дека додавањата во целите 90 минути биле 765 на избраниците на Гвардиола, а 278 на фудбалерите на Венгер.
Доминацијата на германскиот првак е изразена и преку успешноста на прецизните пасови 91% - 74%, потоа вкупниот број на удари кон гол 21-13, дриблинзи 19 -14, изведени корни 11-5, воздушни дуели 11-10.
Сето ова ќе останат само бројки на страната на Баерн Минхен, најважни се конечните 2:0 со кои Венгер им стави крај на серијата од 11 победи на 11 меча.