Капче на Звезда во Загреб направи проблем

Фудбалерот на Олимпијакос, Лука Миливојевиќ по мечот Динамо З. - Олимпијакос (0-1) се појави пред новинарите со капче на неговиот поранешен клуб. Обезбедувањето на стадионот тоа го сфати како провокација, па се натегаа дури и со службените лица од УЕФА за фудбалерот да ја тргне капата.