10 знаци дека сте во штетно пријателство

Не сите пријателства се создадени да траат. Некои природно избледуваат, други знаат да се влечкаат, да останат и да прават длабока штета.

Кој сака бизарна мотивација за чистење?

Прво е смешно, после сфаќаш дека е корисно. Просто е - ако има гомно на него, ќе го фрлиш, или ќе го испереш?

Дали труењето со олово создаде генерација сериски убијци?

Во новата книга Murderland: Crime and Bloodlust in the Time of Serial Killers, писателката и историчарка Каролин Фрејзер изнесува провокативна теза: наглиот пораст на сериски убијци во САД од 1960-тите до 1980-тите не бил случаен, туку делумно поврзан со масовната изложеност на олово и други тешки метали.

„Self care“, ама да функционира

Пишувај дневник, медитирај, грижи се за себе, слушај ги сите за што е ефикасно во себе-негувањето, за на крај пак да остане тоа грдо чувство на празнина. Ако ви звучи познато, не сте единствени, и што е уште поважно - никаде не грешите.

Темната страна на детското инфлуенсерство: Пајпер Рокел отвори ОнлиФанс

Пајпер Рокел, девојчето што достигна светска препознатливост со Јутјуб каналот кој ѝ го водеше мајка ѝ, е симбол за ризиците што ги носи прераната интернет слава. Сега, само што наполни 18, отвори ОнлиФанс и веднаш отвори дебата за експлоатацијата, границите и одговорноста во дигиталната култура на инфлуенсери.

Миленијалците поинаку го доживуваат времето

Постои чувство што многу миленијалци го препознаваат веднаш: годините минуваат пребрзо, а секојдневните обврски траат бескрајно. Пет години исчезнуваат без трага, а истовремено, еден мејл како да тежи три (професионални) животи. Не се работи за изводење - миленијалците просто имаат поинаков однос со времето и за тоа се најмалку виновни тие.

Изгледа погрешно јадеме бри

Бри не е само сирење, институција e - барем во Франција. Во остатокот од светот лесно може да чуе дека е бледо или досадно, ама парискиот готвач Микаел Бригоден вели дека бри-то си е добро, ние сме неедуцираните.

Оргазам без порно?

Мастурбацијата е нормален одговор на сексуалната желба, но што се случува кога оргазмот се постигнува без употреба на порнографија?

Кога фрустрацијата на гледачите ќе стане петиција

Два дена пред последната епизода Stranger Things, онлајн петицијата во која што се тврди дека „нешто ни криете и не ни пуштате“ и се бара да се „ослободат“ скриените снимки достигна над 300.000 потписи.

Дистопискиот дел од „Животот е прекрасен“ не е веќе само филмски

Филмот традиционално се гледа како топла божиќна приказна за заедништво и заедница, за надеж и вистински вредности. А сепак, сцената што денес остава најсилен впечаток не е финалното заедничко собирање околу Џорџ Бејли, туку неговиот краток престој во Потерсвил - мрачната, изопачена верзија на малиот град Бедфорд Фолс.

И дали ја најдовме смислата на животот во случајно видео на ТикТок?

Рандом корисник, видеото завршува со нешто промотивно веројатно, ама тоа е небитно: идејата е живот со доволно. Да можеш да се разбудиш и да пиеш кафе без брзање, да можеш да помогнеш на семејството и пријателите, да можеш да си дозволиш милениче и да не паничиш кога некој е болен. Да биде мирно. Не пари „да не знаеш што да им правиш“, туку - доволно за раат.

Порано облеката имаше повеќе смисла

До 1990-тите, функционалната облека имаше јасна логика: сè се завршуваше на линијата на струкот. Панталони, воени и спортски јакни се кроeја така што телото имаше стабилна форма и слобода на движење, a струкот не беше стилска одлука, туку анатомска.

Превентивното ментално здравје е во подем

Порано, психолошка поддршка и терапија најчесто се бараа кога веќе ќе дојдеше до криза од типот на анксиозност, депресија или трауматично искуство. Денес, трендот се менува: сè повеќе луѓе се фокусираат на превентивни мерки за ментално здравје, стремејќи се кон исцелување пред да се случи кризата.

Кога грижата за себе ќе стане само уште една обврска

Фала богу што се научивме дека self-care како концепт ни треба на сите и што стана модерно да си го овозможиме. Сепак, колку модерно е премодерно и кога ја преминавме границата од потребно во задолжително? Од грижата за себе и себенегувањето направивме уште една обврска што треба да се прешкрта од список.

Осаменоста на високофункционалните луѓе

За „високофункционални“ важат луѓе што се снаоѓаат одлично на сите полиња - семејство, односи со луѓе, работа, достигнувања - а сепак, зад сето тоа функционирање се крие една осаменост која ретко кој ја коментира.

Каде (и дали воопшто) греши Мили Боби Браун?

Многу се храбри луѓето во критикувањето на една девојка која едвај има 21 година и растеше пред очите на јавноста, си брка работа, спасува животни и е една од најголемите ѕвезди во светов во моментов. А сепак, самиот факт што е јавна личност ја изложува на разгледување од различни аспекти - еден е брендирање и маркетинг. И една експертка смета дека некаде Мили Боби Браун ја има згрешено работата.

Дали емоционалната интелигенција е новиот статусен симбол?

Во минатото, статусот се мереше преку материјални добра, позиција во компанија или академски достигнувања. Денес, сè повеќе експерти и социолози укажуваат дека емоционалната интелигенција (EQ) станува вистински индикатор на личен и професионален статус. Но што точно значи ова и зошто е важна токму сега?

Шест нешта треба да се избегнуваат за на старост да сфатиш дека си живеел успешен живот

Карл Јунг верувал дека успешниот живот не се мери само со достигнувања, туку и со она што човек успева да го избегне. Во интервју од 1960 година, тој ги истакнал здравјето, односите, убавината, стабилната работа и духовната перспектива како основи за среќа, но подеднакво важно според него е и избегнувањето на одредени психолошки замки.

Од тестостеронот зависи како мажите ќе реагираат на неправда кон жени

Ново истражување покажува дека нивоата на хормоните во машкиот организам влијаат на тоа дали мажот ќе реагира и ќе казни човек што нанесува неправда на жена. И изгледот на жената игра улога.

Новото нормално: Да функционираш, но не и да напредуваш

Во последно време се случува многу луѓе да го опишуваат своето секојдневие како живот во кој се одржуваат основните функции, но без вистинско чувство на раст или исполнетост. Се работи за состојба каде што работите се завршуваат, обврските се исполнуваат, но емоционалната и психолошката благосостојба се чувствуваат како резерви, а не како животна реалност. И ова го викаат и „новото нормално“.

Миленијалците не се изгубена, туку изморена генерација

Во културната дискусија околу миленијалците (родени околу 1981-1996 година), често се наоѓа терминот „изгубени“ - како генерација без правец, дистанцирани социјално или професионално, и постојано во потрага по смисла. Но, многумина - и експерти, а и самите миленијалци - тврдат дека вистината е поедноставна: не се изгубени, само се у-мор-ни.

Зошто среќата често предизвикува анксиозност (a никој не зборува за тоа)

И филмовите нè имаат истренирано - штом се нешто пресреќни, се гушкаат и им е идеално - одма чекаш некој некаде да се утепа. Уште па, ако има трапаво домашно видео од жената под чаршав, па жената во џемпер на плажа, па вртење во круг со камерата - готово.

Инфлуенсерите се исклучуваат - вкусот почнуваат да го формираат заедниците

Во последните неколку години, се забележува интересен феномен: инфлуенсерите, кои долго време беа водечки гласови во мода, убавина и дигитални трендови, почнуваат да се исклучуваат. Некои од нив ги бришат профилите, други објавуваат поретко, а трети одново ги дефинираат нивните содржини. Овој „одлив на влијание“ отвора прашање: кој сега го обликува вкусот и што значи тоа за дигиталната култура?

Генерацијата З се плаши од канцеларии, Генерацијата Икс од ирелевантност

Во современата работна култура, двете генерации сосема различно ја доживуваат својата улога. Едните, З - родени од 1997 до 2012 и другите - Икс, родени од 1965–1980, го гледаат светот на работа низ различни перспективи и на двете генерации им е страв - само на различни начини.