Како изгледаше дигиталното прегорување во 2025 година

Дигиталниот burnout веќе не е нов поим. Уште од 2010 се зборуваше за замор од екрани и постојани нотификации, но во 2025 година, феноменот доби нови облици и значење, поради промените во начинот на работа, социјалната интеракција и културните очекувања. Денес, дигитално да прегориш не значи само да се премориш од телефони или компјутери - се работи за целосен емоционален и когнитивен феномен.

Ера на „естетски замор“: зошто секој тренд денес трае само две недели

Ако некогаш сте се запрашале зошто трендовите на социјалните мрежи денес исчезнуваат толку брзо, одговорот лежи во феноменот што аналитичарите го нарекуваат „естетски замор“. Инстаграм, ТикТок и Пинтерест се платформи кои постојано промовираат нови идеи, стилови и визуелни елементи. Од нови филтри, техники за шминка, облека, па дури и трендови за уредување - некако сè се менува со невидена брзина. И, многу корисници, разбирливо, едноставно не можат да го следат тој ритам.

ТикТок терапија - решение, или ризик?

Во последниве години, ТикТок се разви од платформа за кратки видеа и предизвици во простор каде што многумина бараат емотивна поддршка. Се делат совети за анксиозност и депресија, се исповедаат луѓе, се споделуваат хакови за ментално здравје... Сепак - вистинска помош е во прашање, или илузија дека си помагаме?

Во „Notes“ ни е најубаво да се исповедаме

Во време кога речиси секој агол од дигиталниот простор изгледа внимателно среден, полиран и подготвен за публика, најискрените реченици почнаа да се појавуваат на место што воопшто не е наменето за настап. Notes апликацијата, алатка создадена за лични потсетници и фрагментарни мисли, стана извор на неочекувана интимност.

Му правите ли „soft-launch“ на сопствениот живот?

Некогаш, важните животни промени доаѓаа со јасна објава. Новата врска имаше „официјална“ фотографија. Преселбата се најавуваше со текст и панорама од нов град. Новата работа добиваше статус со благодарност и емоџиња. Денес, сè почесто, ништо од тоа не се случува директно - се појавува една фотографија без опис, или рака што не е твоја, или поглед од тераса што никогаш порано не сме го виделе, или кафе на ново место, без објаснување. Животот не се објавува - меко се лансира.

„Тивкото објавување“ го заменува прекумерното споделување на Инстаграм

Инстаграм долго време функционираше како јавен дневник, со секој пост како доказ дека нешто се случува: патување, љубов, успех, трансформација. Ви текнува и дека секое отсуство и враќање од апликацијата мораше да дојде со објаснување? Оние „малку ќе паузирам, но...“ како некој да се насекира? Денес, тој модел очигледно се распаѓа.

Не, не е сигурно дали откажување од одредени производи „исклучува“ гени за рак на дојка

Се појави вирално тврдење дека „за само 28 дена, со промена на козметиката, се исклучуваат гени поврзани со рак на дојка“. Звучи сензационално, но вистината, како и обично, е понијансирана.

Кој е човекот заслужен за „Војна на ѕвездите“, а да не е Џорџ Лукас?

Кога денес се зборува за структурата на модерните митови и филмови, името на Џозеф Кембел звучи како неизбежна референца за познавачите, а сепак, многумина од нас немаат слушнато за него. И стварно, кој е и каков е Џозеф Кембел?

Седум детали од 5-та сезона „Stranger Things“ што бараат второ гледање за да ги забележиш

Додека чекаме 25 декември за да ја видиме новата епизода, да видиме што забележале поспремни од нас. Нормално, ќе има спојлери, така што читајте ако имате изгледано сè до крај.

Koj стои зад празничната магија? Дедо Мраз сигурно не.

Спојлер: Мајките. Мајките се главен двигател на убавината на празниците. Ако се традиционални, со трпези. Ако се модерни, со активности. Ама - тие се.

Генијалниот маркетинг на  Spotify Wrapped

Како најсигурен знак дека годината завршува, пристигна и годишниот ритуал на дигиталната култура: Spotify Wrapped. Кампањата која од 2015 наваму успева да нè убеди дека нашите слушачки навики се мала, но важна биографија, повторно стана најсподелуваниот визуелен трофеј на интернетот.

Чудниот случај на добронамерните „гласови во глава“

Во 1984 година, пациентка што и тогаш и денес е позната само по иницијалите „АБ“, почнува да слуша гласови во главата, како што бива кај луѓе што страдаат од шизофренија. Само што - тоа не е нејзина дијагноза, нејзината дијагноза е тумор на мозок. Кој ѝ кажал? Па, гласовите.

Методот „Роднини и колеги“ за средување по дома

Луѓето на глобално ниво толку многу ги мрзи да средуваат глупости по дома, што милион називи ќе измислат, само за да се мотивираат. Сега го имаме на пример методот „роднини или колеги“.

Французите се попаметни кога се работи за јадење и треба да учиме од нив

Пет правила што нè ослободуваат од ропството на храната.

5 одлични подароци за секого, во секое време

Просто - не можеш да згрешиш, без разлика дали е за периодов на празници, или за роденден или за што и да ти текне.

Им ставал диуретик во пијалакот, па ги оддалечувал од тоалет

Вработен во француското министерство за култура на жените кои ги интервјуирал за работа во пијалаците им ставал диуретик, па предлагал прошетки и „им помагал“ кога добивале неконтролирана желба за уринирање.

Девојките што потсетуваа војници дека светот е сè уште убав

Историјата на Виетнамската војна вклучува многу добро документирани настани, но улогата на т.н. Donut Dollies останува релативно непозната, иако повеќе од шестотини Американки доброволно служеле во зоната на конфликт. Меѓу нив е и Вирџинија Џини Кирш од Охајо, која пристигнала во Виетнам само четиринаесет дена пред да биде убиена на возраст од 22 години.

На Меган Маркл никако да ѝ тргне - сега е „Салмонела Сасекс“

На некого на интернет му текна и светот си го презема со задоволство празничниот прекар на Меган Маркл, само затоа што одлучи да нè просветли со нејзиниот начин на спремање мисирка и не го извади накитот.

Тешко дека можеш да ја киднапираш најјаката жива принцеза

Некој штетник се обидел да ја киднапира принцезата Ана кога имала 23 години и откако пукал во сè што ќе му се најдело на пат, ѝ рекол да излезе од колата. Му рекла „Not bloody likely.“

Историската средба на Дајен Вист и Вуди Ален

Првата средба на Дајен Вист со Вуди Ален траела едвај половина минута. Влегла, тој ја погледнал, кажал „здраво“, побарал некој да направи Полароид-фотографија, ѝ се заблагодарил - и толку. Сепак, агентот веќе ја имал предупредено: така изгледа кастингот кај Ален. Кратко, тивко, готово.

Што има во Божиќниот календар на Диор што чини над 10.000 евра?

Адвент-календар е во прашање, ние на времето имавме тенкички, новогодишни, со отворање вратички и чоколатца внатре ви текнува? Е па, сега сите брендови имаат, и реално, многу симпатична работа е за подарок, особено од себе за себе, ама не вредат сите. Вреди ли овој?

Нè уморија сеприсутните реклами

Во дигиталната економија, каде сè е оптимизирано, автоматизирано и внимателно тестиранo, се појавува едно чувствo што многумина го споделуваат во последно време: ништо веќе не делува автентично, затоа што сè околу нас - буквално сосе секој празен простор или рандом човек - станува потенцијална реклама.

Ни треба ли продолжение на „Пријатели“?

Публиката, едно време бараше, па на крај сфати дека нема потреба - животот на познатите ликови, само 20 години подоцна. Ама не е тоа - една ТикТокерка предлага продолжение со децата што ги народија.

Историјата на Римел

Не сме само ние што викаме „римел“ место „маскара“ и има многу добра причина за тоа.