Замисли да умреш од парфем

На 30 јуни, 2018, 44-годишната Дон Стурџес прска од шише Нина Ричи Премиер Жур парфем, паѓа и за неколку дена умира. Да ти е страв по фришоп да се шлаеш.

Стурџес била во домот на нејзиниот партнер во Ејмсбури, Англија и добила кутија од парфемот со потпис на Нина Ричи, кој претходно бил најден во корпа со евтини работи во продавница чии средства се наменети за добротворни цели. Такви има по цела Англија - вријат од евтини и брендирани парчиња накит и облека (еве и „парфеми“) и главно никој не умира.

Го отворила парфемот, прснала од течноста на зглобовите и веднаш добила срцев напад. Умрела во болница осум дена подоцна, откако парфемот ѝ нанел непоправлива и непреживлива штета на мозокот.

Истрагата подоцна открива дека шишето е фалсификувано и специјално адаптирано да носи Новичок, воен нервен агенс од Советски времиња. Концентратот бил голем, доволен да убие илјадници доколку би се искористил како оружје за масовно уништување. Го оставиле зад себе руски агенти по неуспешен обид за атентат на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, неколку месеци порано.

Од 30 март 2026, случајот е решена трагедија која предизвикала промени во меѓународното право во однос на хемиски оружја. Извештајот заклучува дека нападот е овластен од највисоките нивоа на руската влада и го обвинува директно Владимир Путин.

Осомничените не се фатени, но Дон Стурџес е ослободена од било какви претпоставки дека била на некој начин вмешана и е прогласена за невина жртва на невнимание на ниво на државен врв.

Наравоучение - супер е second hand shopping, ама не прскајте сè што ќе најдете по разни корпи.

7 мај 2026 - 13:11